Сопственикот на Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер, се откажа од обидот да ја тужи НБА откако неговиот тим заработи ригорозна казна поради прекршување на правилата за плати.
„Ова беше многу тежок период за сите поврзани со Клиперси и искрено жалам за тоа. Сакам да им се извинам на нашите навивачи, вработените и моите колеги“ – рече Балмер.
„Како мнозински сопственик на клубот, ја преземам одговорноста. Ја информиравме НБА дека ги прифаќаме казните“ – напиша Балмер на социјалните мрежи.

