УЕФА ги одреди домаќини на финалните мечеви во Лигата на шампионите и на Лига Европа во сезоните 2027/28 и 2028/29.
Решавачкиот меч за пехарот во елитата на Европа во 2028 ќе биде на стадионот во Минхен (Германија) а наредната година на „Камп Ноу“ во Барселона (Шпанија).
Финалето на Лига Европа во 2028 ќе се одигра во романскиот град – Букурешт додека во 2029 година ќе биде во Белград. Одлуката е донесена на седницата на Извршниот комитет на УЕФА во Солун.

