Според инсајдерот, Марк Штајн, одредени тимови во НБА биле заинтересирани за ѕвездениот поентер, Кавај Ленард, кој сепак се определи да замине во екипата на Торонто.
„Тој и покрај вниманието од екипи како Мајами, Минесота и Далас, јасно стави до знаење дека ќе потпише продолжување на договорот само со Репторси или Спарси“- напиша Штајн.
Ленард во претходната сезона имаше просек од 27,9 поени, 6,4 скока и 3,6 асистенции.

