МЗТ Скопје во новата сезона ќе влезе со уште еден спонзор. Станува збор за „АЛТА БАНКА“ која има континуитет со вложување во кошарката. Претседателот на Управниот одбор на МЗТ Скопје, Никола Трајчевски, не го криеше задоволството од новиот спонзорски договор.
„Радува фактот што компанија која има идентитет во кошарката на регионално ниво ја препозна амбициозноста на МЗТ Скопје. Очекуваме соработката да биде на подолг период. Нашите амбиции се да влеземе во АБА лигата и секако да се претставиме добро и во ФИБА Купот“ – рече Трајчевски.
„Алта Банка се развива и гради силно присуство во македонското општество, сакаме да биде активен дел од зедничката средина. Улогата на една компанија не завршува само со услугите што ги нуди туку и со силен поттик да се поддржат силни иницијативи, младите и спортот“ – изјави членот на УО на Алта Банка, Стефан Николиќ.

