Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, изјави дека никогаш не би му се приклучил на клубот доколку актуелниот косопственик Сер Џим Ретклиф бил на чело.
Бизнисменто деновиве предизвика нови контроверзии откако за Би-би-си изјави дека во Обединетото Кралство „никој не е доволно цврст за да се справи со проблемот со имиграцијата“.
„Фудбалот е изграден врз тоа – сите најголеми играчи доаѓаат од различни бранови на имиграција“, рече Кантона кој се пресели на „Олд Трафорд“во 1992 година и освои четири титули во Премиер лигата.

