Напаѓачот на Њујорк Ренџерс, Адам Сикора, ќе отсуствува од теренот најмалку од четири до пет месеци поради повреда на ногата, соопшти клубот од НХЛ.
Дваесет и двегодишниот Словак се повреди на првиот подготвителен натпревар со Њу Џерси Девилс. Тој беше турнат во заштитната ограда и мораше да го напушти мразот со помош на соиграч.
Минатата сезона, Сикора одигра само 11 натпревари за Ренџерс при што забележа три гола и една асистенција.

