Германецот, Даниел Шлагер, ќе го суди саботниот меч Македонија-Швајцарија во Б сегментот група -1 во новото издание на Лигата на Нации.
36-годишникот пред две години ни судеше на мечот со Фарски Осторови а беше и четврти судија во мартовската пресметка што ја имавме со Данска во Копенхаген во плеј-офот за Мундијалот.
Негови помошници на Арената во Скопје ќе му бидат сонародниците: Свен Вашицки, Тобијас Фрич и Робин Браун. Судии од Германија ќе бидат активни и во ВАР собата.

