Португалскиот репрезентативец, Жоао Феликс, кој е член на Ал-Наср, вели дека играчот на Барселона, Ламине Јамал, треба да ја добие „Златната топка“.
Фудбалерот кој настапуваше за Атлетико, Челзи, Барселона и Милан, не сакаше да го коментира неговото отсуство од листата на номинираните за престижната награда.
„Тоа се работи надвор од моја контрола. Луѓето имаат тенденција да ја потценуваат саудиската лига, секако, таа не е меѓу првите пет но, е добра. Можеби, ако стигнев далеку на Светското првенство, ќе бев на списокот, кој знае?“ – рече Феликс.

