Денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид за прв пат беше реализиран – „ЖЕНСКИ РАКОМЕТЕН ФОРУМ” во организација на Ракометната федерација на Македониј.
На истиот беа присутни: нашата Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ (Србија), Драгана Цвијиќ (Србија), Сузана Лазовиќ (Црна Гора) и Лидија Хорват (Хрватска). Тие добија благодарници и подароци од РФМ, кои им ги врачи генералниот секретар, Влатко Тасевски.
Панелистките зборуваа темите: „Мојот пат”, „Цената на успехот”, „Животот надвор од теренот”, „Балканот и женскиот ракомет” и „Поголема видливост на женскиот ракомет”.

