Author: dino

Возачот на Мерцедес во Формула 1, Андреа Кими Антонели, призна дека во екипата не се сигурни дали подобрувањата на болидот воведени на патеката Сепанг, функционираат ефективно. „Не сме го анализирале ефектот на новите компоненти на болидот. Нерамната патека и високите температури не ни одат во прилог“ – рече Италијанецот. „ Сè уште треба да го откриеме целосниот потенцијал на новите компоненти“ – рече лидерот во шампионатот.

Read More

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн и челниците на Баерн Минхен, постигнале значителен напредок во преговорите за продолжување на соработката до 2029 година. Напаѓачот дојде кај германскиот тим во 2023 година и веднаш се претвори во централна фигура на теренот. 33-годишниот фудбалер на 154 натпревари има дадено 152 гола и забележано 34 асистенции. Кејн во изминатиот период освои две титули во Бундеслигата, Купот на Германија и два Суперкупа.

Read More
NBA

Центарот, Коби Вајт, се повреди во тренинг-кампот на Шарлот и ќе мора да го пропушти завршниот дел од подготовките за новата сезона во НБА лигата. 26-годишниот кошаркар кој во летниот период потпиша тригодишен договор од 74 милиони долари, треба да биде главна фигура под обрачите. Во екипата на „Хорнетс“ ќе отсуствува и бекот, Кон Нипел, кој исто така е во процес на рехабилитација.

Read More
NBA

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Бен Симонс, не играше на првиот натпревар во предсезонската фаза против Лејкерси поради постепениот процес на враќање во форма. Раководството на тимот одлучи да биде претпазливо и намерно го одмори 30-годишниот играч кој ја пропушти целата минатата сезона. Симонс во текот на летото потпиша договор за една сезона со Сакраменто вреден минимум 3,5 милиони долари.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија објави официјално известување за сите наши навивачи кои се присутни во Љубљана за да го следат дуелот Словенија-Македонија. Централното збирно место за македонските фанови е лоцирано кај познатите „Трите моста“ во центарот на градот. Според планот, точно во 18:45 часот од фан зоната организирано ќе се тргне пеш кон локацијата предвидена за превоз. Потоа фановите ќе бидат преземени од три автобуси кои ќе ги однесат до стадионот – „Стожице“.

Read More

Првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и раководителот на секторот- спорт, Петар Спасеновски, денеска имаа средба со нашите кик-боксери кои се вратија со медали од ВАКО Светското јуниорско првенство во Лидо Ди Јесоло, Италија. Таму до златото дојдоа Томи Андонов (К1, млади јуниори +81 кг), Калин Бабоски (ЛК, постари јуниори -63,5 кг) и Глигор Николов (ЛК, помлади јуниори -67 кг) додека со бронза се накитија Драгица Глигорова (КЛ, постари кадети +65 кг) и Петар Лозановски (ЛК, помлади јуниори -60 кг) „Македонскиот олимписки комитет упатува огромни честитки до сите репрезентативци, стручниот штаб и Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија…

Read More

Еурофарм Пелистер утре во салата – „Боро Чурлевски“ ќе го пречека шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха во рамките на 1. коло од групната фаза во ЕХФ Европската ракометна лига. Новиот тренер на „зелено-белите“, Лино Червар ќе дебитира на европски меч пред битолската публика. „Нè поставија како фаворити пред Гумерсбах и Логроњо Ла Риоха а тоа е можеби малку преамбициозно. Многу го ценам шпанскиот ракомет. Нè чека напорна работа, играчите мора да бидат подготвени со многу енергија и ментална сила“ – вели стратегот од Хрватска. Судии ќе бидат Магнус Нигрен и Андреас Борге од Норвешка а делегат Тихомир Касуниќ од Хрватска.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска на теренот на Словенија ќе го одигра вториот меч во „Б“ сегментот во Лигата на Нации. По стартниот пораз од фаворитот Швајцарија во Скопје, избраниците на селекторот, Гоце Седлоски, вечер од 20.45 часот ќе се обидат да дојдат до првите бодови во групата -1. Судиите на стадионот –„Стожице“ доаѓаат од Италија а ќе ги предводи Андреа Коломбо. Ќе му помагаат, Џовани Бачини и Валерио Колароси. Ќе потсетиме дека „змајчеки“ во воведниот дуел на домашен терен одиграа без голови против Шкотска која пак, денеска, ќе и биде домаќин на Швајцарија.

Read More

Англискиот елитен фудбалски состав, Ливерпул, може да испрати понуда до играчот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, наведуваат дел од медиумите на Островот. Наводно, „црвените“ се заинтеерсирани за Французинот кој не ја добива посакуваната минутажа во редовите на „кралевите“. 26-годишниот фудбалер има договор со шпанскиот клуб до 30 јуни во 2028 година а неговата трансферна цена е околу 70 милиони евра.

Read More

Извршниот директор на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Феран Соријано, потенцираше дека „граѓаните“ ќе водат долга битка со Премиер-лигата откако беа санкционирани за прекршување на финансиските правила. Деновиве и претседателот на англискиот клуб, Калдун Ал Мубарак, ги увери навивачите дека клубот може да докаже дека не е виновен. Соријано на последниот состанок, нагласил, дека Сити не се согласува со одлуката и ќе продолжи да се бори да ги избегне санкциите.

Read More