Фудбалската федерација на Македонија објави официјално известување за сите наши навивачи кои се присутни во Љубљана за да го следат дуелот Словенија-Македонија.
Централното збирно место за македонските фанови е лоцирано кај познатите „Трите моста“ во центарот на градот. Според планот, точно во 18:45 часот од фан зоната организирано ќе се тргне пеш кон локацијата предвидена за превоз.
Потоа фановите ќе бидат преземени од три автобуси кои ќе ги однесат до стадионот – „Стожице“.

