Еурофарм Пелистер утре во салата – „Боро Чурлевски“ ќе го пречека шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха во рамките на 1. коло од групната фаза во ЕХФ Европската ракометна лига. Новиот тренер на „зелено-белите“, Лино Червар ќе дебитира на европски меч пред битолската публика.
„Нè поставија како фаворити пред Гумерсбах и Логроњо Ла Риоха а тоа е можеби малку преамбициозно. Многу го ценам шпанскиот ракомет. Нè чека напорна работа, играчите мора да бидат подготвени со многу енергија и ментална сила“ – вели стратегот од Хрватска.
Судии ќе бидат Магнус Нигрен и Андреас Борге од Норвешка а делегат Тихомир Касуниќ од Хрватска.

