Возачот во Формула 1, Естебан Окон, вели дека сака да остане во така наречениот – „циркус на тркала“ иако неговата позиција во тимот на Хаас изгледа сè понеизвесна.
„Сум се тркал против сите на гридот и секогаш сум бил рамноправен противник. Го имам освоено секое првенство во кое сум се натпреварувал. Победив на трки во Формула Рено. Освоив првенства во картинг. Ја освоив Формула 3“ – рече Французинот.
„Имам победи во Формула 1. Можам да го направам тоа. Јас сум еден од најдобрите и не се плашам да го кажам тоа“ – рече Окон.

