Бразилскиот фудбалски голман, Нето, денеска пристигна во Торино како слободен играч за да ги изврши задолжителните лекарските прегледи пред да го потпише договорот со Јувентус до крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
37-годишниот чувар на мрежата има играно за „старата дама“ во периодот од 2015 до 2017 година. Тогаш забележа 22 меча на кои прими 15 гола.
Тој сега ќе ја има улогата на резерва на првиот голман на Јувентус, Гиљермо Викарио.

