Тенисерката од Соединетите Американски Држави, Аманда Анисимова, објави дека ја завршила сезоната поради повреда на зглобот на раката.
Таа преку социјалните мрежи откри дека ќе има подолг процес на рехабилитација за целосно закрепнување.
– Здраво на сите, ја завршувам сезоната. Доживеав уште една повреда на зглобот која морам да ја санирам. Време е за закрепнување и ресетирање – се гледаме во 2027 година, – напиша Анисимова на Инстаграм.

