Македонската фудбалска репрезентација по вчерашниот пораз на домашен терен од Швајцарија со 3-0, веќе во вторник ќе гостува кај Словенија во 2 коло во „Б“ сегментот во групата 1 во Лигата на Нации.
Мечот на стадионот – „Стожице“ во Љубљана ќе го суди Италијанецот, Андреа Коломбо а ќе му помагаат Џовани Бачини и Валерио Колароси. Четврти судија ќе биде Матео Марчети додека во „ВАР“ собата ќе работата Мајкл Фабри и Федерико Ла Пена. Сите судии доаѓаат од Италија.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе започне во 20.45 часот. Паралелно ќе играат Шкотска и Швајцарија.

