Поранешниот фудбалер, Стивен Џерард, во опширно интервју откри, дека жали што не остана во Ливерпул за да работи под диригентската палка на тренерот, Јирген Клоп.
„Би жртвувал многу професионално и лично за да имам можност да играм за Клоп -вели Англичанецот.
„Ми беше понуден едногодишен договор на крајот од мојата кариера во Ливерпул. Ако знаев дека Јирген ќе дојде, ќе ризикував и ќе останев “ – вели поранешниот капитен на „црвените“.

