Голманот на фудбалскиот состав Челзи, Емилијано Мартинез, изјави дека ќе биде подготвен за игра за неколку недели откако бил опериран поради повреда здобиена на вчерашниот меч со Евертон во елитата на Англија.
34-годишниот аргентински репрезентативец се здобил со скршеница на вилицата по судир со главите со дефанзивецот на Евертон, Џарад Брантвајт.
-Ви благодарам на сите за пораките. Операцијата помина успешно.Најважно е што победивме и ја зачувавме мрежата недопрена. Ќе се вратиме за неколку недели“, напиша Аргентинецот.

