Тренерот на фудбалерите на Брајтон, Фабијан Хирцелер, вели дека неговиот тим бил подобар противник од Ливерпул иако загуби на гостувањето на „Енфилд“. Тој се повика на статистиката.
„Мислам дека сите на стадионот видоа дека имаше еден тим кој навистина се обиде да победи на овој натпревар и затоа морам да ги пофалам моите играчи“ – рече Германецот.
„Тие ја задржаа мрежата чиста затоа што се бранеа добро со централните дефанзивци. Видов тим со многу добри работи кој навистина имаше верба во нашиот пристап“ – потенцираше Хирцелер.

