Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ханси Флик, се осврна на вчерашниот пораз на домашен терен од Реал Мадрид во дербито на Примера Дивизион.
„Постои разочарување, особено поради првото полувреме кое не беше добро. Се подобривме во вториот дел но, ни недостасуваше свежина и не можевме да го направиме посакуваниот притисок“– изјави стратегот на Каталонците.
„Кога ќе загубите, тоа не значи дека сè тргнало наопаку. Има уште многу да се игра а вакви работи се случуваат. Сите ја разбираат ситуацијата“ – беа дел од зборовите на Флик.

