Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну, се врати на тренинзите пред саботнoто гостување кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Тој ги пропушти последните четири натпревари на „црвените ѓаволи“ откако последен пат играше против Тотенхем на 10 октомври.
Јунајтед од крајот на август нема победа во англиската елитна конкуренција.

