Арсенал успеа да слави против Ливерпул на „Енфилд“ за прв пат од 2012 година во Премиер-лигата по што тренерот на „топчиите“, Микел Артета, изјави дека триумфот бил потполно заслужен.
„Исклучително сум горд. Поминаа 14 години – тоа е долг период. Не само поради победата, туку и поради начинот на кој дојдовме до неа и духот што го покажавме“ – вели Шпанецот.
„Во одредени моменти средбата беше крајно исцрпувачка но, сепак успеавме да создадеме шест или седум шанси за гол. Во моментов, сè се одвива прекрасно за тимот“ – потенцираше Артета.

