Капитенот на Едмонтон, Конор Мекдејвид, се запиша во историјата на НХЛ откако забележа две асистенции во победата проти Калгари во арената „Роџерс Плејс“.
Со овој подвиг, ѕвездата на тимот ја продолжи серијата на натпревари со најмалку една асистенција од почетокот на сезоната или вкупно 13 – достигнување што никогаш претходно не било забележано.
Мекдејвид го надмина рекорд што претходно го делеа Себастијан Ахо (сезона 2018/19), Кен Линсеман (1985/86) и легендарниот Вејн Грецки (1982/83).

