Лидерот на Њујорк, Џелјен Брaнсон, ја коментираше победата на гостувањето против Чикаго откако неговиот тим успеа да ја анулира негативата од 19 поени. Тој постигна 38 поени и додаде седум асистенции.
„Не игравме најдобра кошарка во првото полувреме, но, едноставно така е. Сè е во тоа како реагираш на проблемите. Ми се допадна начинот на кој се боревме“ – рече Барнсон.
„Направивме неколку грешки, но тие беа резултат на агресивна игра. Едноставно мора да останеме активни“, рече Брaнсон на прес-конференцијата по натпреварот.

