Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, постигна 29 поени во победата над Мајами од 120-100.
38-годишниот бек успеа да го помине Оскар Робертсон и да се искачи на 17-то место на листата на поентерите во најсилната светска лига. Кари сезонава има просек од 29,9 поени.
Во рангирањето води Леброн Џејмс – 43.550 кошеви пред Карим Абдул-Џабар – 38.387 и Карл Малоун – 36.928. Во Топ 10 влегуваат и Коби Брајант, Кевин Дурант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки, Вилт Чемберлен, Џејмс Харден и Шекил О’Нил.

