Author: dino

Германскиот фудбалски репрезентативец и член на Аталанта, Робин Госенс, влегува во радарот на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“ не крие дека му се допаѓа играта на левиот бек кој синоќа блесна на мечот со Португалија и беше прогласен за МВП. 26-годишниот Германец кој во претходната сезона постигна 12 голоа и направи осум аситенции, има договор со клубот од Бергамо до јуни во 2022 година.

Read More

Напаѓачот, Роберт Левандовски, кој на мечот со Шпанија го постигна 67-от гол за Полска,  се доближи до рекордот на легендарниот, Герд Милер, кој има дадено 68 голови во дресот на Германија. На Левандовски му беа потребни 118 средби за да дојде до бројката од 67 голови додека Милер одигра 62 натпревара за „панцирите“ на кои дојде до бројката од 68. Што се однесува до светскиот рекорд за најмногу постигнати голови во репрезентацијата, на првото место е Иранецот Али Даеи, кој постигна 109 голови. Португалецот Кристијано Роналдо има три гола помалку.

Read More

Кошаркарите на Милвоки славеа во мајсторката против Бруклин со 115:111  во продолжение и си обезбедија место во конференциското финале на Истокот во НБА лигата. Во поразениот тим , Дурант забелажа 48 поени а Харден стигна до 22. На спротивниот дел од теренот, Јанис Антетокумбо со 40 поени и 13 скокови беше најдобриот поединец на паркетот. Милвоки во конференциското финале ќе игра со победникот од пресметката Филаделфија – Атланта. Мајсторката меѓу двата тима ќе биде одигран в понеделник во 02.00 часот на теренот на Филаделфија.

Read More

Холандскиот фудбалски репрезентативец, Мемфис Депај, од 1 јули ќе биде играч на Барселона. Каталонците денеска го потврдија неговиот трансфер. 27-годишниот напаѓач ќе пристигне на стадионот – „Камп Ноу“ и ќе потпише соработка за две сезони. Пред него Барса ги обезбеди и услугите на поранешните фудбалери на Манчестер Сити, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро. Депај кој е дел од Холандија на тековното ЕП, претходно ги носеше дресовите на:ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и Лион.

Read More

Интернационалецот од БИХ, Един Џеко, ги договорил личните услови со првите луѓе на Фенербахче, објавија денеска медиумите во Турција. Корпулентниот фудбалер треба да ја одработи последната сезона до договорот со Рома, но, откако новиот тренер Мурињо, нагласи дека не го планира, најверојатно ќе добие дозвола да си замине. Во моментов нема конкретна информација колку би платиле Турците за 35 годишниот ветеран кој имаше понуди и надвор од Европа.

Read More

Фудбалерите на Италија денеска од 18.00 часот на стадионот во Рим ќе се сретнат со Велс во последното коло во групата „А“ на Европското првенство. „Аѕурите“  претходно славеа против Турција и Швајцарија додека Велшаните ремизираа со Швајцарците а ги совладаа Турците. Селекторот на Италија, Роберто Манчини , вели дека неговиот тим сака да ги освои трите бода и да ја задржи фанатстичната серија без пораз. „Велс е високо рангиран на листата на ФИФА и има квалитетни фудбалери. Велс е типичен британски тим, физички силен. Ќе се обидеме да победиме“ –  изјави Манчини. Во вторио дуел во групата ќе играат Швјацарија…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација по двата пораза во Букурешт од Австрија и Украина во групата „Ц“ на Европското првенство, од денеска е стационирана во Холандија. Избраниците на селекторот, Игор Ангеловски, го одработија и првиот тренинг пред понеделничкиот меч со домаќинот на Арената – „Јохан Кројф“  во Амстердам кој ќе започне во 18.00 часот.Пред мечот се огласи и амбасадата на Холандија во Скопје. – Во врска со претстојниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во Европската унија за граѓани од трети држави  е сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку сте во…

Read More

Фудбалерот на Франција, Кингсли Коман, денеска доби дозвола од селекторот и од УЕФА да ја напушти базата на „триколорите“ во Париз и да присуствува на пораѓањето на неговата сопруга. Французите на стартот ја совладаа Германија со 1:0 а утре ги очекува пресметката со Унгарија на стадионот во Будимпешта. Одлуката за временото отсуство на Коман е донесена во договор со челниците на УЕФА бидејќи репрезентативците се обврзани на строги протоколи поради пандемијата со Ковид-19.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт пред денешниот меч против Шкотска изјави дека го разбира значењето на мечот за англиските навивачи. „Ние разбираме што ќе значи победа и дека таа  дополнително ќе ги зголеми очекувањата. Имаме тим кој може да победува. Во изминатите три или четири години, немаше такво нешто“ – вели Саутгејт. „Јасно е дека секој противник може да создаде шанси и да постигне гол. Значи, подготвени сме за секакво сценарио“ – вели селекторот на „трите лава“.

Read More

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, пред денешниот натпревар со Шкотска, истакна дека се освен пласман во полу-финалето на Европското првенство ке се гледа како разочарување за – „Гордиот албион“. „Ќе биде тежок натпревар, фокусот мора да остане највисоко на нашата агенда, ќе сториме се за да победиме“ – вели напаѓачот на Англија. „Би било добро уште денеска да обeзбедиме плaсман во наредната фаза. Ќе бидеме разочарани доколку не успееме да стигнеме барем до полу-финалето“ – истакна Хари Кејн.  

Read More