Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Винсент Компани, кој колабираше на 23 октомври, вчера се појави во тренинг-комплексот и ги следеше индивидуалните ангажмани на дел од играчите.
Белгиецот сè уште не ги води целосно тренинзите но, неговото присуство на клупата се очекува на наредниот натпревар на Баварците во Бундеслигата. Тоа ќе биде на 20 ноември кога во Минехн ќе гостува екипата на Келн.
Во моментов со фудбалерите работи неговиот помошник, Арон Данкс.

