Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, додека трае паузата поради репрезентативните активности, се насочи кон актуелната ситуација во клубот.
„Интер може да се подобри. Сезоната е долга и ќе има подеми и падови. Постигнувањето на целта бара напорна работа, трпение и посветеност“ – вели Романецот.
„Мора да направиме сè што е можно за да ги постигнеме нашите цели. Сакаме успешно да ја завршиме сезоната“ – рече тренерот на „нероазурите“.

