Јувентус одигра 2:2 на гостувањето кај Фиорентина во 11. коло од Серија А, а тренерот Лучано Спалети повторно изрази незадоволство од променливите настапи на својот тим.
„Понекогаш се губиме во чаша вода, ја губиме самодовербата и мирнотијата во играта. Не успеваме да бидеме константни ниту како поединци, ниту како екипа“, изјави Спалети.
Тој смета дека неговиот тим има квалитет, но мора да научи да ја одржува добрата игра во текот на сите 90 минути. По ова реми, Јувентус има 18 бодови и се наоѓа на седмото место на табелата.

