Легендарниот фудбалер, Стивен Џерард, вели дека менаџерот, Мајкл Карик, не е единствениот проблем кај Манчестер Јунајтед откако „црвените ѓаволи“ влегоа во лоша серија во домашниот шампионат.
„Понекогаш одредени натпревари можат да му дадат надеж на менаџментот. Мајкл минува низ тежок период во моментов, па следниот натпревар ќе биде клучен за него“ – вели Џерард.
„По девет натпревари во Премиер лигата без победа, тоа може значително да ги отежни работите. Реков и претходно дека Манчестер Јунајтед има многу проблеми“ – вели Стиви Џи.

