Со интензивна дружба, позитивни мисли, насмевки, споделување спортски вредности и ревијален фудбалски турнир, успешно заврши 34. Меѓународна спортско-медиумска ревија “Турнир на Медиуми“ во организација на Спортското радио 90.3 фм. Годинава уште еднаш се потврди долгогодишната традиција која ги обединува новинарите, спортистите, тренерите и медиумските работници од земјата и регионот (Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина). Во фокусот на овогодишното издание беше инспиративната панел-дискусија насловена „Спортот во ерата на вештачката интелигенција: етика, здравје и извонредност“. Пред исполнетата Свечена сала на Ректоратот на УКИМ, врвни експерти и спортски работници дебатираа за трансформативната улога на современите технологии во спортската анализа, тренинзите и донесувањето…
Author: saso
Македонската фудбалска репрезентација не се прослави во сегментот Б во Лигата на нации и во четирите натпревари забележа четири порази од Швајцарија (2), Шкотска и Словачка. Многу работи не фунционираат и за тоа е свесен селекторот Гоце Седлоски, ама и играчите и токму капитенот Енис Барди се огласи со порака дека ќе се вратиме на победнички патеки во иднина. „Дадовме се од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме, за секого беше тешко, но одиме заедно да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли… Но, ако нешто…
Вардар го забележа и третиот пораз во ракометната Лига на шампионите, откако на домашен терен загуби од Висла Плоцк со 26-32. По средбата, тренерот Иван Чупиќ не бараше оправдувања, туку отворено ја презеде одговорноста за тактичките одлуки, особено за играта „седум на шест“. „Лошо го отворивме натпреварот. Знаевме дека во нападот ќе ни биде тешко во текот на сите 60 минути и се подготвувавме за тоа. Работевме на играта ‘седум на шест’, со четворица бекови и на класичната игра ‘шест на шест’. Знаевме дека ќе мора постојано да се приспособуваме и да не му дозволиме на противникот лесно да се…
Џарел Кванса нема намера да се врати во Ливерпул следното лето, иако англискиот клуб има можност повторно да го ангажира својот поранешен дефанзивец. Англискиот стопер во 2025 година се пресели во Баер Леверкузен, каде со добрите настапи го привлече вниманието на неколку европски гиганти. Според информациите, Кванса има резерви околу враќањето на „Енфилд“, бидејќи во првиот период во Ливерпул тешко доаѓал до редовна минутажа. 23-годишниот дефанзивец сака нов предизвик, а интерес за неговите услуги покажуваат и Реал Мадрид, Челзи и Арсенал.
Билетите за долгоочекуваниот боксерски спектакл меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе бидат пуштени во продажба денеска. Дуелот меѓу двајцата британски тешкаши е закажан за 11 декември на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, Велс. Се очекува огромен интерес, со оглед на тоа што двајцата поранешни светски шампиони никогаш досега не се сретнале во професионален меч. Главната борба се очекува да започне во раните утрински часови на 12 декември, со цел да се овозможи подобар термин за телевизиската публика во Северна Америка. Стадионот во Кардиф има капацитет од околу 80.000 гледачи, што дополнително ја зголемува важноста на настанот.
Европските фудбалски клубови ќе имаат дополнителна финансиска причина да се борат за пласман во Лигата на шампионите, откако УЕФА подготвува нов финансиски договор што ќе донесе поголеми приходи за клубовите. Според информациите што ги пренесуваат италијанските медиуми, новиот договор ќе стапи во сила од следната сезона и ќе важи до 2031 година. Според извештајот на „Газета дело Спорт“, клубовите што ќе обезбедат место во Лигата на шампионите ќе можат да сметаат на најмалку 50 милиони евра, зависно од распределбата на приходите и условите за учество. За големите клубови од најсилните лиги ова е особено важно, бидејќи таму конкуренцијата за место…
Леброн Џејмс го одигра првиот натпревар во дресот на Филаделфија 76ерс, откако настапи во претсезонскиот дуел против Бруклин Нетс. Искусниот кошаркар забележа 10 поени, четири скока и пет асистенции за 18 минути на паркетот, но неговиот нов тим загуби со 114-108. Четирикратниот НБА-шампион настапи само во првото полувреме, во кое Филаделфија имаше предност од 58-56. Џејмс беше сигурен од линијата за слободни фрлања, реализирајќи ги сите осум обиди, а го погоди и единствениот шут од поле што го упати. Џејмс, кој во јули потпиша двегодишен договор со Филаделфија, ја започнува својата рекордна 24. сезона во НБА-лигата. По осум години во…
Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз од Швајцарија, овојпат со 3:0 во Луцерн, во вториот меѓусебен натпревар во Лигата на нации. Првиот гол го постигна Фабијан Ридер во 43. минута, по големата грешка на Висар Муслиу, со што Швајцарците заминаа на пауза со предност. Македонија во второто полувреме не успеа да дојде до израмнување, а со уште две големи грешки им донесовме на Швајцарците нов аубедлива победа. Димитриевски имаше лоша интервенција во 74-тата минута, па Манзамби од далечина зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Ндоје по грешката на Гаштаров. Претходно, на 26 септември во Скопје, Швајцарија славеше со убедливи…
Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра 1:1 против Црна Гора во Битола, во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. За новиот селектор Александар Таневски ова беше официјално деби на клупата на младата селекцијата. Црна Гора прва се закани во Битола. По грешка во нашата одбрана, Вујовиќ доби простор за удар, но не беше прецизен. Македонија возврати во 10. минута преку Данев, кој проби низ средината, но неговиот удар заврши во блокот. Во продолжението се играше претпазливо, со многу прекини и грешки на двете страни. Македонија првиот удар во рамките на голот го упати во 40. минута, кога Николовски…
Спортско радио 90.3 фм од 7 до 9 октомври повторно ги обединува спортот, медиумите и познатите личности од регионот Српската екипа што ќе гостува на 34. „Турнир на медиуми“ во Скопје добива две препознатливи фудбалски имиња. Меѓу нејзините членови ќе бидат Горан Стевановиќ и Горан Богдановиќ, поранешни фудбалери на белградски Партизан. Нивното присуство го носи токму духот на оваа манифестација: луѓе што оставиле трага во спортот повторно да се сретнат со колеги, пријатели и публика, овојпат во поинаква, ревијална атмосфера. На теренот ќе има фудбал и спортски предизвици, а во програмата ќе се вклучат и новинари, медиумски личности и други…
