Македонската фудбалска репрезентација не се прослави во сегментот Б во Лигата на нации и во четирите натпревари забележа четири порази од Швајцарија (2), Шкотска и Словачка.
Многу работи не фунционираат и за тоа е свесен селекторот Гоце Седлоски, ама и играчите и токму капитенот Енис Барди се огласи со порака дека ќе се вратиме на победнички патеки во иднина.
„Дадовме се од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме, за секого беше тешко, но одиме заедно да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли… Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, порача Барди.

