Спортско радио 90.3 фм од 7 до 9 октомври повторно ги обединува спортот, медиумите и познатите личности од регионот Српската екипа што ќе гостува на 34. „Турнир на медиуми“ во Скопје добива две препознатливи фудбалски имиња. Меѓу нејзините членови ќе бидат Горан Стевановиќ и Горан Богдановиќ, поранешни фудбалери на белградски Партизан.
Нивното присуство го носи токму духот на оваа манифестација: луѓе што оставиле трага во спортот повторно да се сретнат со колеги, пријатели и публика, овојпат во поинаква, ревијална атмосфера. На теренот ќе има фудбал и спортски предизвици, а во програмата ќе се вклучат и новинари, медиумски личности и други познати гости од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Централниот ден е 8 октомври. Покрај спортскиот дел, предвиден е и панелот „Спортот во ерата на вештачката интелигенција: етика, здравје и извонредност“, како простор за разговор за иднината на спортот.
Во наредните денови Спортско радио ќе открива и други имиња што ќе бидат дел од годинешното издание. 34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето.

