Кристапс Порзингис ќе биде надвор од терените на неопределено време поради здравствен проблем, соопшти Голден Стејт Вориорс. Клубот од Сан Франциско засега не открива детали за неговата состојба, ниту може да го предвиди датумот на враќање на латвискиот центар.
Порзингис, кој ги пропушти подготовките за новата сезона и првите пет претсезонски натпревари на Вориорс, неодамна се врати во тренинг-центарот на тимот. Таму имал состанок со генералниот менаџер Мајк Данливи Џуниор и директорот за здравје и физичка подготвеност на играчите, доктор Рик Челебрини.
Летонскиот кошаркар се огласи и преку социјалните мрежи, уверувајќи ги навивачите дека работи со медицински експерти за да ја подобри својата здравствена состојба.

