Манчестер Јунајтед би можел да добие неочекуван кандидат за нов менаџер. Антонио Конте сериозно размислува за преземање на кормилото на англискиот гигант, а за таа цел веќе стапил во контакт со еден од највлијателните фудбалски агенти, Пини Захави.
Според информациите на францускиот „Foot Mercato“, италијанскиот стратег го ангажирал Захави за да ги води разговорите околу евентуалното преземање на Манчестер Јунајтед. Во меѓувреме, позицијата на актуелниот тренер Мајкл Карик станува сè понеизвесна. Конте, кој е без ангажман по заминувањето од Наполи на крајот од минатата сезона, не е единствената опција за англискиот клуб. Како главен кандидат за наследник на Карик се споменува Маурисио Покетино, актуелниот селектор на репрезентацијата на САД.

