Ракометниот шампион на Македонија, Вардар 1961 денеска објави дека полскиот репрезентативен пивот и во наредната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.
Виктор Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во составот на Вардар, а ќе остане во клубот најмалку до 2028 година.
Од клубот потврдуваат дека активно работат на кроењето на тимот, за уште посилен Вардар!


