Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Алиоски: Имавме можност да се вратиме непоразени
    Фудбал

    Алиоски: Имавме можност да се вратиме непоразени

    sasoBy saso14/11/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација загуби со 2:1 од Шкотска на гостувањето на „Хемпден парк“, во петтото коло од групата 1 во Б-дивизијата на Лигата на нации. По повеќе од една година без постигнат гол, „црвено-жолтите“ конечно ја прекинаа голгетерската пауза, но ВАР-интервенцијата и досудениот пенал во завршницата им ги донесоа бодовите на домаќините.

    Нашиот бек, Езѓан Алиоски оцени дека Македонија била значително поконкурентна, со поголема агресивност, тркачки капацитет и храброст во дуелите. Особено го радува тоа што репрезентацијата конечно успеала да ја покаже својата офанзивна страна, да постигне гол и да создава можности пред противничкиот гол.

    „Ова беше многу попозитивен натпревар од оној што го одигравме на домашен терен. Очигледно е дека научивме од претходните средби и покажавме дека можеме многу повеќе. Кога сакаме да играме фудбал, имаме квалитет за тоа. Имаше многу агресивни дуели, голема борба и трчање, но мислам дека бевме одлични на теренот. Постигнавме гол и создадовме шанси. Не би сакал да ја коментирам ВАР-одлуката додека не ја погледнам снимката. Жал ми е што го загубивме натпреварот, бидејќи имавме можности да се вратиме. Сепак, тоа е фудбалот. Најважно е што покажавме дека не се предаваме. Овој натпревар треба да ни биде мотив за следните предизвици и потврда дека можеме да се надигруваме и во игра и во дуели“, вели Алиоски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.