Словенечкиот кошаркар, Горан Драгич, објави крај на натпреварувачката кариера, пренесува SiOL.net.
Тој беше избран на драфтот во НБА во 2008 година од Сан Антонио Спарс, играше шест години во Феникс а сезоната 2011/2012 ја помина во Хјустон. Имаше шест години и со Мајами. Драгиќ во последните години од кариерата беше дел од екипите на Торонто, Бруклин, Чикаго и Милвоки. Учествуваше на Ол-стар натпреварот во 2018 година.
Тој беше капитен на Словенија за време на триумфот на Евробаскет 2017 година. Горан Драгич со 90 мечеви е рекордер во репрезентацијата.