Судијата, Даниел Зиберт, му се извини на Нејмар што му покажа жолт картон на изминатиот натпревар на Пари Сен Жермен против Макаби (Хаифа) во Лигата на шампионите.
Бразилецот го постигна третиот гол и на необичен начин ја изрази својата радост, плазејќи го јазикот и мавтајќи со рацете. Судијата во тој момент не го виде но, неговите колеги од ВАР му го привлекоа вниманието. Се чини дека судиите го проценија тоа како исмевање на противникот и затоа Нејмар доби официјално предупредување.
„По натпреварот го видов судијата и го прашав зошто ми покажа картон? – Се извини и рече дека ми верувал. И како точно ми верува?! Сега имам картон. Дали треба да барам дозвола од УЕФА да славам?“- потенцира Нејмар.