По последниот пораз од Словенија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на прес-конференцијата синоќа навести дека ќе се направи детална анализа на очајните настапи во Лигата на нации и шесте порази кои ги претрпе нашиот национален тим.
„За мене мечевите кои што ги игравме дома беа без воља, без желба…. се е кажано. Само едно се прашувам. Зошто мечевите дома ги играме вака? Бездушно. Без разлика каква е тактиката. Мораш сам да почувствуваш на терен што да правиш. Без трка, без желба, нема ништо. Им кажав да погледнат како тоа го прави Словенија. Се извинувам за овие мечеви. Многу време немаме победа. Разговаравме во соблекувална. Мора да видиме. Ќе видиме. Да преспиеме. Што ќе биде понатаму ќе видиме“, рече селекторот Седлоски.

