Македонската фудбалска репрезентација ги дозна сите четири потенцијални противници во баражот за опстанок во Б-дивизијата на Лигата на нации. Тоа се селекциите на Белорусија, Кипар, Фарските Острови и Естонија, кои го освоија второто место во своите групи во Ц-лигата.
Противникот на Македонија ќе биде познат по ждрепката закажана за 20 ноември, со почеток во 12 часот. Баражот ќе се игра во два натпревари, во периодот од 25 до 30 март 2027 година.
За избраниците на Гоце Седлоски ова ќе биде важен предизвик, бидејќи преку двомечот ќе треба да го обезбедат опстанокот во вториот ранг на европската репрезентативна конкуренција.

