Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, е првиот странец по Португалецот, Жозе Мурињо, кој е прогласен за тренер на годината во Италија.
„Споредбите со Мурињо одат предалеку. Тој е легенда а јас штотуку почнувам. Ова ми е само втора година како професионалец“ – рече Романецот.
„Треба да продолжиме да работиме и да постигнуваме добри резултати. Тоа е долг пат со мала маргина за грешка. Ни треба рамнотежа“ – рече главниот тренер на „нероаѕурите“.

