Фудбалската легенда на Англија, Стивен Џерард, одговори на прашањето дали Маурисио Покетино треба да ја гради играта на Манчестер Јунајтед околу Бруно Фернандеш.
„Само ако потпише нов договор. Велат дека одбил неколку понуди. Не е јасно дали има вистина во тоа но, ако на крајот потпише нов долгорочен договор тоа ќе ја олесни работата а неговиот однос со Покетино ќе игра клучна улога“ – рече Стиви Џи.
Ќе потсетиме дека 32-годишниот Португалец има договор со тимот од „Олд Трафорд“ до 30 јуни во 2027.

