Кошаркарите на Фенербахче, Николо Мели и Брекстон Ки, може да бидат надвор од салите на подолг период бидејќи се соочуваат со сериозни повреди.
Италијанецот има проблеми со менискусот и ќе се врати во татковина на понатамошни медицински прегледи по што може да се донесе одлука за операција.
Ки пак, заработи повреда на прстот на натпреварот против Анадолу Ефес. Kошаркарот претрпел дислокација а рендгенската снимка треба да покаже дали има фрактура или други компликации.

