Македонската фудбалска репрезентација по двата пораза од Шкотска и Словенија во ноемврискиот циклус во Лигата на нации, очекувано ќе се спушти на ранг листата на ФИФА.
Според анализите, нашите фудбалери од утре ќе фигурираат на 74-то место или три позиции подолу во однос на претходното рангирање. На врвот нема да има промени што значи светскиот шампион, Шпанија ќе ја задржи лидерската позиција пред Аргентина и Франција.
Македонија наредниот предзвик ќе го има во март догодина кога ќе игра во баражите за опстанок во „Б“ сегментот во Лигата на Нации.

