Селекторот на нашата машка кошаркарска репрезентација, Жозе Марија Берокал, се осврна на вчерашниот пораз од Кипар во претквалификациите за ЕП во 2029.
„Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период. Во последните десет минути се зголемија грешките, промашувавме, мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно“ – рече Шпанецот.
„Овој меч не беше како што го посакувавме но, во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“ – истакна Берокал.

