Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Нови проблеми за Џамал Мусиала – Баерн останува без уште еден офанзивен фудбалер
    Фудбал

    Нови проблеми за Џамал Мусиала – Баерн останува без уште еден офанзивен фудбалер

    risteBy riste27/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нов удар за Баерн Минхен, Џамал Мусиала повторно се повреди, откако медицинскиот тим на баварскиот гигант утврдил ново мускулно оштетување на десната натколеница.

    Според информациите на германски „Билд“, паузата би можела да трае од четири до шест недели, што значи дека германскиот репрезентативец најверојатно нема да игра до крајот на 2026 година.

    Мусиала неодамна се врати на теренот по претходната повреда заработена на 24 септември, а настапи и против Лил во Лигата на шампионите на 25 ноември.

    Сепак, проблемите повторно се појавиле, па неговото враќање е одложено.

    Дополнителен проблем е што Баерн има вистинска епидемија на повреди во офанзивниот дел. Надвор од стројот се и Хари Кејн, Серж Гнабри и Исмаел Сајбари, додека Мајкл Олисе има полесна повреда и ќе го пропушти следниот натпревар против Хамбургер.

    Така, Луис Диас во моментов е единствениот целосно подготвен офанзивец од стандардните првотимци. Мусиала сезонава одигра шест натпревари, постигна два гола и забележа една асистенција. За Баерн ова е сериозен проблем во период кога тимот се соочува со густиот натпреварувачки календар

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Интер остана без клучен дефанзивец најмалку три недели

    27/11/2026

    Алонсо: Имаме само една цел-победа

    27/11/2026

    „Спарси“ го пикирале Павлидис

    27/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кадетките со победа против Косово ги започнаа квалификациите за ЕП 2027
    • Македонија со победа против Финска го стартуваше турнирот во Турција
    • Интер остана без клучен дефанзивец најмалку три недели
    • Нови проблеми за Џамал Мусиала – Баерн останува без уште еден офанзивен фудбалер
    • Македонија ќе биде домаќин на три меѓународни првенства во џиу џицу
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.