Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески освои бронзен медал на Европското кадетско првенство во Романија, остварувајќи значаен успех за македонскиот спорт.
Тунески до полуфиналето стигна со две убедливи победи, совладувајќи ги противничките од Холандија и Шведска со по 2:0. Во борбата за пласман во финалето беше запрена од претставничката на Полска, па шампионатот го заврши со бронзен медал.
За успешниот настап големи заслуги имаат и селекторот Борче Костовски, кој го предводеше подготвителниот процес, како и помошник-селекторката Викторија Спасовска, која ја водеше Тунески во денешните борби.

