Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо кој е член на Манчестер Јунајтед, стана најдобар играч во англиската Премиер лига во месец ептември, според официјалната веб-страница на Премиерлигата.
Роналдо одигра три натпревари во тековната сезона и постигна три гола. Роналдо, исто така, упати 17 удари кон голот – повеќе од било кој друг играч во Премиерлигата. Манчестер Јунајтед е на четвртото место, со 14 бода од 7 натпревари.
Да потсетиме, на 27 август Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед од Јувентус. Во периодот од 2003 до 2009 година, Роналдо веќе настапуваше во таборот на „црвените ѓаволи“.