Тренерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, формира конкурентен состав за Премиер-лигата со кој ќе се обиде да дојде до место што води во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Англичаните пред неколку дена ги купија Хамес Родригес и Алан а сега го ангажираа и Абдулаје Дакур кој доаѓа од екипата на Ватфорд.
Бидејќи неговиот тим испадна од Премиер – лигата, тој веднаш ја прифати понудата на „карамелите“ и за нешто повеќе од 22 милиони фунти пристигна на – „Гудисон парк“.